МО РФ избира меѓу две автоматски пушки за „војникот на иднината“

Министерството за одбрана на РФ ќе избира меѓу автоматските пушки АК-12 и АЕК-971 за вооружување на „војникот на иднината“.

Министерството за одбрана сѐ уште нема одлучено која од двете понудени автоматски пушки АК-12 или АЕК-971 ќе станат дел од опремата на „војникот на иднината“. Двата примероци се далеку поскапи од автоматските пушки кои се користат во руската војска, соопшти полковник Михаил Осико, началник во Министерството за одбрана на РФ.

„Работиме со производителите на оптимизација на цената, така што чиј пристап во решението на проблемот ќе биде повеќе фокусиран на постигнување на целта и покомплексен, најверојатно тој ќе ја добие и нарачката од Министерството за одбрана“, изјави тој.

Според неговите зборови двете автоматски пушки со доработките ги поминале државните испитувања и ги исполниле сите барања на поставените тактичко-технички задачи. Но прашањето ќе биде разгледано како од тактичко-техничко, така и од гледиште на цената, рече офицерот.

Тој нагласи дека двете пушки во цената значително ги надминуваат сегашните примероци, на пример АК-105.  

Осико нагласи дека по државните тестирања АЕК и АК-12 ќе влезат во вооружувањето независно од комплетот „Ратник“, а пред сѐ ќе бидат наменети за специјалните единици, пренесува агенцијата Тасс.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња