Иако е уште на почеток, новата украинска влада се соочува со многу стари проблеми. Парламентот е и понатаму во толкава мера политички поделен, што именувањето на Гројсман за премиер зависеше од неколку независни пратеници.
Во статијата на „Стратфор“ се нагласува дека во ситуација кога Јацењук и неговата влада повеќе нема да претставуваат предмет на јавно незадоволство, за секој неуспех ќе бидат обвинувани Порошенко и неговиот блок. Односно доколку не биде постигнат значителен економски раст и успех во спроведувањето на политичките реформи, позициите на Порошенко и Гројсман ќе ослабат, што ќе доведе до предвремени парламентарни избори.
Таквиот развој на настаните не само што ќе го доведе во прашање пакетот помош од ММФ и веќе спроведените реформи, туку ќе го загрози и генералниот прозападен правец што Украина го избра пред неколку години. Слична ситуација се случи по „портокаловата револуција“ во 2004 година, кога по широката јавна поддршка за радикалните прозападни реформи во Украина многу бргу дојде до разочарување, што на крај доведе до тоа Јанукович да биде избран за претседател, се нагласува во текстот.
Агенцијата нагласува дека губењето на територијата и војната на истокот на Украина немаат пандан во историјата на оваа земја и дека јавноста е категорично насочена против враќањето на статусот на руски сателит. Сепак, тоа не ја гарантира понатамошната прозападна политика на Украина.
Се разбира, токму економските, политичките и воените цели на владата ќе ја дефинираат следниве месеци понатамошната судбина на земјата, заклучуваат аналитичарите на „Стратфор“, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче