САД ѝ понудиле на Русија воспоставување зона на договорени борбени дејствија против терористите во Сирија и заедничко набљудување на почитувањето на режимот на прекин на огнот. Ова го изјави државниот секретар на САД Џон Кери во интервју за весникот „Њујорк Тајмс“, пренесува „Лента.ру“.
„Ние дури им предложивме да подвлечеме црта, апсолутна црта. Вие нема да влегувате таму, ние нема да влегуваме ваму, а сѐ што е во средината, ќе се смета за чесна игра“, изјави Кери.
Според неговото мислење, таков договор може да биде постигнат следната недела.
„Тие (Русите) го разгледуваат ова (предлогот), мислам дека сѐ ќе се постигне за една недела и тука некаде“, објасни државниот секретар на САД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче