Шефот на Комитетот на Државната дума за меѓународни работи Алексеј Пушков ја коментираше оценката за Русија што ја даде агенцијата за рејтинг „Мудис“, пренесува РИА „Новости“.
Претходно „Мудис“ го задржа рејтингот на Русија на ниво Ба1 со негативна прогноза. Агенцијата не ја ревидираше оценката, затоа што руската економија била константна во услови на паѓање на цените на нафтата, а државниот буџет бил коригиран. Ба1 се смета за „ризичен“ рејтинг.
„Мудис“ го потврди ризичниот рејтинг на Русија. А пак рејтингот на Украина неодамна го промени од негативен на стабилен! Смешно. Сѐ е јасно во врска со „Мудис“, напиша тој на својот Твитер.
Поради ваквите податоци дојде време да им се постави рејтинг на самите агенции за рејтинг, кои се „посрамија и во кризата 2008-09, и во однос на редица земји. „Нивниот рејтинг е буквално ризичен“, истакнува Пушков.
Претходно премиерот на Русија Дмитриј Медведев изјави за присуство на „политичка компонента“ во прашањето за намалување на кредитните рејтинзи на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче