Американскиот претседател Барак Обама ќе се обрати со вакво барање до канцеларката на Германија Ангела Меркел на мини-самитот во Хановер на 25 април, соопштија германските медиуми повикувајќи се на документ на владата на Германија.
Како што соопштува „Дојче Веле“ повикувајќи се на документот, САД инсистираат германската армија да учествува значително пошироко во ротацијата на единиците на НАТО кои е бидат распоредени на источното крило на Алијансата – во Балтикот, Полска и Романија. Притоа Вашингтон смета дека Германија и Велика Британија ќе дадат за таа цел војници и воена техника.
Берлин досега остануваше настрана од таквите планови, затоа што веќе има преземено обврска за периодот до 2020 година за широко учество на Бундесверот во новиот контингент за брза реакција на НАТО, пишува РТ на руски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче