Истражување: Степенот на корупција во Русија и САД еднаков

Истражувањето се базира врз резултатите од истражувањето на 2,8 илјади раководители од високите ешалони кои донесуваат одлуки.

Степенот на корупција во Русија се израмни по размер со оној во САД, сведочат резултатите од истражувањето спроведено од меѓународната компанија за ревизија и консталтинг „Ернст и Јанг“, пренесува ТАСС.

Истражувањето се базира врз резултатите од истражувањето на 2,8 илјади раководители од високите ешалони кои донесуваат одлуки и истото беше спроведено од октомври 2015 година до јануари 2016 година во 62 земји.

Во Русија 34% испитаници изјавија дека корупцијата во бизнисот е распространета појава во земјата. Според резултатите од истражувањето, аналогно ниво на распространетост на корупцијата се забележува во САД и Полска. Во тројката лидери со највисоко ниво на корупција се најдоа Бразил (90%), Украина (88%) и Тајланд (86%). Жителите на Финска (0%), Саудиска Арабија, Шведска и Данска (секоја по 4%) изјавиле дека не се судриле со корупција.

„Русија продолжи да ја развива и проширува сферата на антикорупциското законодавство, зголемувајќи го бројот на државни службеници обврзани да дадат информација за приходите и можните конфликти на интересите“, се истакнува  во истражувањето.

„Русија исто така го задржа фокусот на борбата со корупцијата на регионално ниво, за што сведочат спроведените истраги против неколку губернатори и други чиновници“, потенцираат аналитичарите на „Ернест и Јанг“.

 


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња