САД: Русија да ја ревидира одлуката за забрана на Меџлисот на Крим

Стејт департментот на САД смета дека затворањето на организацијата „противречи на основните демократски вредности“. Претходно Русија ја забрани работата на „Меџлисот на кримско-татарскиот народ“ поради екстремистичка активност.

САД апелираат Русија да ја ревидира забраната за Меџлисот на кримските Татари, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби, пренесува РИА „Новости“.

Според неговите зборови, организацијата го претставувала „историски лошо претставениот и репресиран“ кримско-татарски народ и помагала за зачувување на културата.

„Руските власти немаат основи за јурисдикција за да ги применуваат руските закани врз однесувањето на Татарите во Украина“, изјави Кирби, прецизирајќи дека САД не го признаваат соединувањето на Крим кон Русија.

Според мислењето на Стејт департментот, затворањето на Меџлисот „противречи на основните демократски вредности“.

Работата на Меџлисот беше запрена претходно од страна на руското Министерство за правда поради соработка со екстремистички организации. Русија има распишано потерници по редица раководители на меџлисот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.