Руските деминери кај Палмира открија голем склад со муниција на ИД

Складот бил камуфлиран и пронајден благодарение на опремата што беше донесена од Русија во Сирија. Освен тоа, арсеналот на терористите бил заштитен со девет распрскувачки мини.

Руските деминери во местото Тадмор во близина на Палмира открија еден од најголемите складови со муниција на „Исламската држава”. Бомбите од овој магацин се користени за терористичките напади ширум Сирија, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.

„Од скриениот склад на терористите руските деминери извлекоа преку 12 илјади експлозивни предмет, вклучувајќи гранати од голем калибар за минофрлачи, артилериска муниција, како и противтенковски и противпешадиски мини”, истакна  Конашенков, пренесува РИА „Новости”.

Складот бил камуфлиран и пронајден благодарение на опремата што беше донесена од Русија во Сирија. Освен тоа, арсеналот на терористите бил заштитен со девет распрскувачки мини. „Во откриениот арсенал се чувале околу илјада електрични детонатори и детонатори на радио-управување од рачна изработка кои се користат  при рачна изработка на експлозивни направи”, изјави рускиот генерал.

Според неговото мислење, деминерите пронашле еден од најголемите складови на муниција, експлозивни направи од рачна изработка и распрскувачки мини кои се користени за терористички напади не само во провинцијата Хомс, туку и во другите делови на Сирија.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња