НАТО нема да се проширува во блиска иднина

Северноатлантската алијанса не планира да се проширува следниве неколку години, вклучително и со Грузија или Украина, наводно поради ризик од дестабилизација на Русија, изјави постојаниот претставник на САД во НАТО Даглас Лут.

„Од практична гледна точка не гледам многу шанси за понатамошно проширување на НАТО во најблиска иднина, следниве неколку години, а можеби, дури и подолго“, ги цитираат британските медиуми зборовите на Лут.

Според негово мислење, Русија игра важна улога во стратешката ситуација, а стратешката ситуација засега не предвидува проширување на НАТО.

Лут потенцира дека политиката на НАТО останува истата, но за прием на нови членки во Алијансата е потребна согласност од сите 28 земји на НАТО, а тоа е малку веројатно. „Нема никаков начин да се постигне во некаква најблиска иднина согласност за прием на Грузија или Украина“, вели Лут.

На 16 април медиумите соопштија дека место „план за дејство за зачленување“ на самитот на НАТО во јули во Варшава на Грузија и Украина ќе им биде предложена формула на „придружно партнерство“, пишува „Взгљад“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња