Лавров: Русија е за почитување на трајниот прекин на огнот во Карабах

„Денес е најважно принципиелно стриктно да се почитува договорот за прекин на огнот и да не се дозволат нови кршења на договорот од 1994 и 1995 година во кои е забележан и утврден режимот на неограничен прекин на огнот“, истакна рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров.

Москва се залага за стриктно почитување на договорот за неограничен прекин на огнот во Нагорно Карабах, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на почетокот на разговорите со неговиот ерменски колега Едвард Налбандијан.

„Ние сфаќаме во каква фаза сега е регулирањето на конфликтот во Нагорно Карабах“, изјави Лавров, пренесува „Взгљад”. „Вложивме напор – лично претседателот Владимир Путин – насилството да биде прекинато“.

„Денес е најважно принципиелно стриктно да се почитува договорот за прекин на огнот и да не се дозволат нови кршења на договорот од 1994 и 1995 година во кои е забележан и утврден режимот на неограничен прекин на огнот”, истакна министерот.

Според зборовите на Лавров, неопходно е да се доведе до крај договорот преку ОБСЕ за мерките на доверба, за намалувањето на затегнатоста и за снајперистите.

„Што се однесува до политичкото регулирање на ситуацијата, ние сме подготвени да сториме сѐ што е во наша моќ“, изјави тој. „Треба да се стори сѐ што е можно за да се спречат насилството и инцидентите“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња