Камерон: Да не беше Британија, можеше да нема санкции против Русија

ЕУ, веројатно, немаше да ги донесе санкциите против Русија ако во организацијата ја немаше Велика Британија, изјави премиерот Дејвид Камерон по разговорите со претседателот на САД Барак Обама.

„Ние имаме заеднички интерес – да се осигураме дека ЕУ има цврст пристап во однос на руската агресија. Британија играше многу важна улога и продолжува да игра важна улога во осигурувањето на она за што беа воведени санкциите и дека се спроведуваат. Не сум сигурен дека ќе беше така доколку ние не бевме таму (во ЕУ)“, изјави Камерон, пишува „Взгљад“.

„Тоа е во наш интерес, Европа да биде силна против агресијата“; потенцираше тој. Камерон додаде дека тоа е невозможно да се оствари без присуство внатре во ЕУ „и ако се има потенцијална ситуација во која санкциите не се донесени“.

Претходно беше објавено дека земјите на ЕУ ќе дискутираат за продолжување на санкциите против Русија. Шефот на МНР Италија Паоло Џентилони изјави дека Рим се залага против автоматско продолжување на санкциите против Русија, и дека таква одлука треба да се донесе по завршување на дискусиите.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња