29-процентниот пораст на цените на нафтата по гласовите дека Саудиска Арабија и Русија ја разгледуваат можноста за излегување од ценовниот шпиц со помош на замрзнување на обемите на производство на нафта, им донесе на земјите-производители 32 милијарди долари уште пред да завршат преговорите со неуспех минатата недела, пишува „Блумберг“.
Два месеца пред преговорите во Доха цената на нафтата „Брент“ порасна за 10 долари на 43 долари за парел. Притоа растот на цените на нафтата на разговорите пред Доха ѝ донесе на Русија околу 3,7 милијарди долари и околу 3,3 милијарди долари на Саудиска Арабија.
Дури и земјите кои не учествуваа во преговорите заработија: САД добија дополнителни 3 милијарди долари за тие два месеца, а Канада - 1,5 милијарди.
Притоа напорите за постигнување договор за замрзнување на обемите на производството на нафта продолжуваат. Се истакнува дека главните производители можат да се сретнат во мај во Русија.
Меѓутоа, претходно во четвртокот претседателот на САД изјави дека Вашингтон ќе почне дијалог со водечките партнери од редовите на арапските земји за цените на нафтата, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче