Русија испрати хуманитарна помош во Еквадор

Авион Ил-76 ќе достави во земјата што беше погодена од земјотрес прехранбени производи, шатори и генератори.

Министерството за вонредни состојби на Русија испрати во Еквадор авион со хуманитарна помош, соопшти прес-службата на министерството за РИА „Новости“.

„По налог на претседателот на РФ за МВС Русија од подмосковскиот аеродром Раменское за Еквадор полета авион Ил-76“, изјави соговорник на агенцијата.

Авионот носи 30 тони хуманитарна помош која се состои од прехранбени производи, шатори за десет лица и генератори за електрична енергија.

Во земјотресот што го погоди Еквадор на 16 април загинаа 553 лица.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња