Американскиот актер Леонардо Ди Каприо и извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард се на чело на листата од 100 највлијателни луѓе според магазинот „Тајм“.
Списанието ги подели стоте највлијателни луѓе во пет категории. Така, во категоријата „Лидери“, како прва е наведена Кристин Лагард, во категоријата „Идоли“ - актерот Леонардо Ди Каприо и пејачката Ники Минаж, во категоријата „Иноватори“ - композиторот Лин Мануел Миранда. Брачниот пар Присила Чен и Марк Цукерберг ја отвораат категоријата „Титани“, а индиската актерка Пријанка Чопра – листата на највлијателни уметници.
Претседателот на Русија Владимир Путин, како и во 2014 и 2015 година, влезе во списокот на категоријата „Лидери“, каде фигурираат и претседателот на САД Барак Обама, турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, државниот секретар на САД Џон Кери, канцеларката на Германија Ангела Меркел, претседателот на Кина Си Ѓинпин, кандидатите за функцијата претседател на САД Хилари Клинтон и Доналд Трамп и редица други политичари.
.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче