Обама побарал Путин да изврши притисок врз властите на Сирија

Американскиот претседател Барак Обама го изјави ова по завршувањето во Ријад на самитот меѓу САД и Советот за соработка на арапските земји од Персискиот залив.

Претседателот на САД се обратил до својот руски колега Владимир Путин со барање претседателот на РФ да изврши притисок врз сириските власти во врска со почитувањето на примирјето.

Ова шефот на Белата куќа го изјави по завршувањето во Ријад на самитот меѓу САД и Советот за соработка на арапските земји од Персискиот залив, соопшти телевизијата „Ал Арабија“, пренесува ТАСС.

 „Го повикав претседателот Путин да изврши притисок врз Асад“, изјавил Обама.

САД се залагаат за решавање на конфликтот во Сирија по политички пат и сметаат дека доколку се обноват воените дејствија од голем размер, тоа ќе биде лошо за сите, потенцирал Обама.

„Проблемот со „планот Б“ се состои во тоа што тој не предвидува политичко решение. Тоа значи дека таму ќе траат воените дејствија, можно е, со години. Кој и да излезе како победник, ќе добие на располагање земја која ќе биде разрушена“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња