„Веројатно ќе дочекаме да видиме на плоштадите во Украина клади за забранети книги. Ќе биде тоа вистинска слика и прилика на Третиот рајх“, рече претседателот на Државната дума на Русија, коментирајќи го законот за забрана за прикажување на руските филмови снимени по 1 јануари 2014 година, пренесува ТАСС.
Сергеј Наришкин по тој повод им предложи на руските телевизии „поактивно да прикажуваат филмови од големите украински автори“.
На официјалната веб-страница на украинскиот парламент претходно беше соопштено дека претседателот Петро Порошенко го потпишал законот за забрана за прикажување на руските филмови снимени по 1 јануари 2014 година, а кој беше одобрен од украинскиот парламент на 29 март. Во објаснувањето стои дека таа мерка ќе помогне да се заштити националната безбедност на Украина во сферата на информациите.
Во Украина во моментов се забранети 430 филмови и ТВ-серии од руска продукција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче