Москва се сомнева во вредноста на украинската флота за НАТО

Постојаниот претставник на Русија во НАТО Александар Грушко ја критикуваше изјавата на претседателот на Украина Петро Порошенко за учество на земјата во Црноморската флота под покровителство на Северноатлантската алијанса.

Постојаниот претставник на Русија во НАТО Александар Грушко ја критикуваше изјавата на претседателот на Украина Петро Порошенко за учество на земјата во Црноморската флота под покровителство на Северноатлантската алијанса. Ова во четвртокот го изјави дипломатот во интервју за телевизијата „Русија 24“, пренесува „Лента.ру“.

„Искрено, не можам да си замислам какво може да биде учеството на Украина. Тој проект сѐ уште не постои, се разгледува. Но ние ја знаеме состојбата на воено-морските сили на Украина“, изјави постојаниот претставник.

Тој објасни дека во Црното море своја воена флота имаат Бугарија, Романија и Турција. „Собирај ги в група, не ги собирај – тоа е работа на војската“, додаде Грушко.

Притоа тој изјави дека, според мислењето на Русија, не треба да се презема обид „да се направат со поголема тежина можностите за присуство на вонрегионални држави во Црното море“. „Токму во тоа се крие факторот на нестабилност за регионите“, резимира Грушко.

Претходно украинскиот претседател Порошенко изјави дека Киев е подготвен да се приклучи во формирањето на Црноморска флота под покровителство на НАТО.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња