„Значи, кога државниот секретар на САД Медлин Олбрајт ја зборуваше вистината“, напиша таа на својот „Фејсбук“ и наведува две изјави: на 19 април 2016 година, кога, како што пишува Захарова, рекла дека „Русија всушност е само Бангладеш со атомско оружје“ и зборовите, кажани на 2 октомври 1998 година:
„Убедена сум дека, дури апелирајќи до Русија да постапи правилно, ние не треба да се однесуваме со неа на начин небаре таа се наоѓа под старателство на меѓународната заедница. Русија е премногу голема и горда за тоа. Ние би сакале руската влада се придржува до определен политички курс, но тој курс треба да биде изработен по демократски пат, а рускиот народ треба да го поддржува тој курс и да го разбира. Во спротивен случај, таквата политика нема да биде закитена со успех“, ги цитира Захарова зборовите на Олбрајт.
„Тие никако не можат да разберат дека, вклучително и благодарение на американскиот прогрес, информативниот свет стана поинаков. Веќе не треба да се чека со децении за да се отворат архивите, да се тргнат печатите и да се објават стенограмите. Неколку клика и вие сте на целта. Немојте да бидете мрзеливи, не дозволувајте да ве мамат, барајте, читајте, споредувајте, анализирајте. Единствено така“, додаде Захарова.
Медиумите истакнуваат дека Олбрајт не тврдела дека Рсија е „Бангладеш со нуклеарен арсенал“. Во интервју за германскиот „Ди Пресе“ таа изјави: „Никогаш нема да заборавам кога еднаш во 90-те (во текот на посетата на Олбрајт на Русија) еден човек ми рече: „Ние бевме суперсила, а сега сме Бангладеш со ракети“. Путин ја искористи таа ситуација и ја објави својата намера да ѝ ја врати на земјата минатата грандиозност“, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче