Судот во Хаг призна дека хашката арбитража, со која се обврзува Русија да им исплати 50 милијарди долари на поранешните акционери на ЈУКОС, ги немал соодветните компетенции за тоа, пренесува агенцијата „Блумберг“.
Русија поднесе во хашкиот суд три жалби во однос на трите тужби со кои се бара компензација од Москва. Тоа се кипарските оф-шор фирми Hulley Enterprises Limited и Veteran Petroleum и оф-шор компанијата од островот Ман Yukos Universal Limited. Сите тие се поврзани со Group Menatep Limited (GML) и заедно контролираа околу 70,5% од ЈУКОС.
Во јули 2014 година арбитражниот суд во Хаг едногласно реши во корист на поранешните акционери на ЈУКОС и ја обврза Русија да им исплати 50 милијарди долари. Москва се жалеше на оваа одлука, но поранешните акционери се обратија до судовите на низа земји со барање за заплена на имотот. Во јуни 2015 година во Франција и Белгија – како извршување на одлуката на арбитражниот суд во Хаг по тужбата на поранешните акционери на ЈУКОС – беше запленет имотот кој властите на овие земји го сметаат за руски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче