Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по одржувањето на средбата на Советот Русија-НАТО раскажа за тоа како ќе се развиваат односите на Алијансата со Русија, соопштува „Ројтерс“.
По завршувањето на првиот состанок на Советот Русија-НАТО по почнувањето на украинската криза Столтенберг изјави дека разногласијата меѓу Алијансата и Москва во однос на прашањата за ситуацијата во Украина и европсакта безбедност имаат длабок карактер.
„На средбата повторно се уверивме дека се разидуваме не само во оценките на фактите по прашањето за Украина, туку и во нивното едноставно набројување и опишување. Многу наши членки не се согласуваат со позицијата на Русија која смета дека она што се случува е граѓанска војна. Всушност Русија ја дестабилизира ситуацијата на истокот на Украина, давајќи им на сепаратистите помош во пари, опера, муниција, како и воени советници“.
Дискусијата во Брисел Столтенберг ја опиша како „искрен и сериозен разговор“, но истакна дека враќање на поранешната состојба во билатералните односи и работа во обичен режим не треба да се очекува.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче