Извор: Египет бара руска опрема за „Мистралите“

Претходно беше соопштено дека РФ и Египет разгледуваат испорака на системи за врска и управување за „Мистралите“, меѓутоа конечна одлука сѐ уште не е донесена.

Египетски воени претставници се обратија до Русија со барање за испорака на радиоелктронски системи за носачите на хеликоптери од класата „Мистрал“ кои Каиро ги купи од Франција, соопшти за ТАСС воено-дипломатски извор.

Египетската воена делегација која одржа преговори со „Рособоронекспорт“ изјави дека сака да инсталира руско радиолектронско вооружување на „Мистралите“ што ги купи од Франција, вклучително и средства за радиоелектронска борба, и се обрати до него за испорака“, изјави соговорникот на агенцијата.

Тој истакна дека египетската страна планира да достави барање за конкретни примероци на радиоелекттронско вооружување на следната рунда преговори со „Росооборонекспорт“, која може да се одржи во април-мај.

Претходно беше соопштено дека РФ и Египет разгледуваат испорака на системи за врска и управување за „Мистралите“, меѓутоа конечна одлука сѐ уште не е донесена.

Исто така не се исклучува ни испорака на хеликоптери Ка-52К – палубна модификација на познатиот хеликоптер Ка-52 „Алигатор“, разработена специјално за „Мистралите“.

Шефот на администрацијата на претседателот на РФ Сергеј Иванов претходно изјави дека Египет може да набави за своите бродови руски хеликоптери и опрема во вкупна вредност од над една милијарда долари.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња