Руски фотограф доби Пулицерова награда

Рускиот фотограф Сергеј Пономарев доби Пулицерова награда во категоријата Breaking News Photography.

Русинот Сергеј Пономарев благодарение на серијата фотографии за европската мигрантска криза во категоријата „Настани“ ја доби Пулицеровата награда за најдобра Breaking news фотографија, заедно со колегите фоторепортери од весникот „Њујорк Тајмс“.

Пономарев, Маурицио Лима, Тајлер Хикс и Данеил Етер се наградени „за серијата фотографии која ја покажува решителноста на бегалците“, пренесува нашето матично издание „Росијскаја газета“.

Пулицеровата награда за литература ја доби Виет Тан Нгујен за романот „Сочувствувачот“. За најдобра публицистичка статија наградата ја доби Џоби Ворик за „Црни знамиња: подемот на Исламската држава“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња