Шефот на Министерството за одбрана на Полска Антони Мацеревич изјави дека Русија претставува сериозна закана за НАТО, пренесува „Радио Полска“.
Ваквата изјава тој ја даде како коментар на двата инциденти со учество на руски авиони над Балтичкото море.
Од Министерството за одбрана на Русија истакнаа дека во двата случаи немало инциденти и дека маневрите на авионите се исполнувале во строга согласност со меѓународните правила за безбедност.
„Сите дејствија на Русија сведочат дека се одвива систематска подготовка за агресивни дејствија. Сега дојде време отворено да се прозбори за тоа“, изјави Мацеревич.
Според неговите зборови, целта на дејствијата на Москва е да се создаде чувство дека Балтичкото море ѝ припаѓа на Русија, а „за НАТО – тоа е затворена зона“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче