Олбрајт: Русија е „Бангладеш со атомско оружје”

Путин го поддржува национализмот во земјата за да го сокрие фактот дека Русија е всушност „само Бангладеш со атомско оружје“, изјави поранешната државна секретарка на САД.

Поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт во интервјуто за „Ди Пресе“ изјави дека Русија непрестајно провоцира други земји, а потоа се однесува како да е навредена.

„Преку глава ми е тоа што за потезите на Москва постојано се бара оправдување“, изјави таа. Според нејзиното мислење, Русија ја почнала операцијата во Сирија само за да го оттргне вниманието од Украина и да го зајакне своето влијание на Блискиот Исток.

„Путин е паметен, но навистина лош човек. Тој, како офицер на КГБ, сака да држи сѐ под контрола и смета дека сите коваат некакви завери против Русија. Тоа не е точно. Путин има слаби карти, но мошне добро ги користи, смета Олбрајт.

Притоа претседателот на Русија со своите дејствија се обидува да ја дискредитира Европската унија и да внесе раздор во неа, како о да го протера НАТО од руската сфера на влијание, изјави поранешната шефица на Стејт департментот.

Како што тврди Олбрајт, Путин го поддржува национализмот во земјата за да го сокрие фактот дека Русија е всушност „само Бангладеш со атомско оружје“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња