МНР РФ: Г-8 е минато за Русија

Според мислењето на заменик-министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Рјабков, форматот на „Големите осум“ остана во минатото.

За Русија форматот на „Големата осумка“ (Г-8) остана во минатото, изјави во интервју за „Интерфакс“ заменик-министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Рјабков.

„Не гледаме потреба од реанимација на она што остана во минатото“, изјави тој, одговарајќи на прашањето дали е РФ подготвена да ја обнови работата во тој формат.

„Тоа е повторување на она што е поминато, овде нема никаков елемент на новина, затоа учеството на Русија во „групата на осумте“, на мој поглед, е апсолутно неактуелно прашање“, потенцираше заменик-министерот.

Тој потсети дека Г-8 „го прекина своето постоење на иницијатива на нашите западни колеги“.

„Последниве две години видовме дека напорите за практични решавање на низа важни меѓународни проблеми се преместија, според сѐ, од форматот на „седмицата“ во други формати со целосно руско учество. Тоа го констатираме како реалност, како факт, и мислам дека тоа е неоспорливо и гледна точна на нашите колеги“, изјави Рјабков.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња