Ракетните системи С-400 не учествуваат на Парадата на Победата на 9 мај

Најновите ракетни системи С-400 нема да учествуваат на Парадата на Победата на Црвениот плоштад на 9 мај, и тоа е планирано претходно, се вели во соопштението за печатот Концернот ВКО „Алмаз – Антеј“ кој ги произведува овие системи.

Претходно во руските медиуми се појави информација дека С-400 нема да парадираат на Црвениот плоштад на 9 мај поради заштеда на средства. Сепак подоцна оваа информација беше демантирана од „Алмаз – Антеј“.

„Составот и количеството на техниката што учествува во парадите на Победата се определува од раководството на Министерството за одбрана на Русија. Овие параметри, на пример, се менуваат во зависност од тоа дали е јубилеен датумот или не (годинава се исполнуваат 71 година од денот на Победата на СССР во Втората светска војна – заб. на ред). Не станува збор за никакво штедење, учеството во претстојната парада на Црвениот плоштад во Москва на ЗРС С-400 „Триумф“ првично не беше планирано“, се вели во соопштението за печатот на концернот.

Министерството за одбрана на РФ не ја наведе причината поради која најновите домашни системи С-400 нема да земат учество во главната воена парада во земјата.

Како што изјавија за „Руска реч на македонски“ од прес-службата на „Алмаз-Антеј“, на 9 мај пред публиката на Црвениот плоштад ќе бидат покажани напредните ракетни системи „Бук-М2“ и „Тор-М2У“. Меѓу стотината единици борбена техника ќе се најдат и осум системи за противвоздушна одбрана произведени од компанијата.

На јубилејната Парада на Победата во 2015 година во чест на 70-годишнината од денот на победата над нацистичка Германија учествуваа над 16000 војници, како и над 200 единици воена техника, вклучувајќи ги и С-400, и над 140 авиони и хеликоптери.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња