Путин иницијатор на преговорите за решавање на конфликтот во Карабах

Следниве денови може да започне интензивна етапа на преговорите за решавање на ситуацијата во Нагорно Карабах, изјави помошникот на претседателот на Азербејџан за општествено-политички прашања Али Гасанов.

Според неговите зборови, иницијатор на преговарачкиот процес е претседателот на Русија Владимир Путин, пишува „Взгљад“.

„Иницијативата дојде од претседателот на Русија Владимир Путин. Тој се обрати до претседателите на двете земји и, соодветно на тоа, сега се подготвува преговарачки процес“, изјави Гасанов.

Според неговите зборовите, можно е следниве денови да започне интензивна етапа на преговорите.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња