Медиум: Т-50 ќе може да врши деликатни мисии во непријателска позадина

„Специфичните” можности на најновиот руски ловец беа откриени од спотерите, љубители на авијацијата кои де подготвени да дежураат со фотоапарат со часови и во сите временски услови покрај оградите на воените и цивилни аеродроми.

Најновиот руски ловец од петта генерација Т-50 ќе може да врши деликатни мисии во длабока непријателска позадина, соопшти Гиви Џанџгава, генерален конструктор и претседател на Ременското конструкторско биро за инструменти, кое произведува опрема за воената и цивилна авијација.

„Т-50 е повеќенаменско летало кое освен што обезбедува надмоќ во воздух може да решава и тактички задачи“, истакна конструкторот, а пренесува весникот „Известија”. „Поради слабата забележливост, тој може да продре во длабочината на непријателската територија и да врши прецизни селективни напади.”

„Специфичните” можности на најновиот руски ловец беа откриени од спотерите, љубители на авијацијата кои де подготвени да дежураат со фотоапарат со часови и во сите временски услови покрај оградите на воените и цивилни аеродроми. На интернет се појави снимка на спотерот Михаил Кузњецов на која е забележан ловец Т-50 со број 052 како полетува од аеродромот „Громов”. На надворешните носачи на леталото се наоѓаат наведувани авио-бомби КАБ-500, какви што користат руските Воздушно-космички сили во Сирија.

„Ловецот поминува уште една фаза на испитување со цел проверка на аеродинамичките особини во различни режими на пилотирање“, објаснува експертот за авијација Андреј Фролов. „Ловецот може да носи ракети и бомби во внатрешните прегради, што ја обезбедува технологијата на слаба видливост. Но постои и можност за распоредување дополнително вооружување и на надворешните носачи. Тоа можат да бидат и високопрецизни ракети воздух-воздух, воздух-земја, воздух-брод, и наведувани ракети.”

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња