„Без истражување на минатото постои ризик од допуштање слични грешки во иднина“, изјави на презентацијата на книгите „Латвиската индустрија пред и по прогласувањето независност“, „Колонијалната политика на советската империја и колонизацијата на Латвија 1940-1990 година“ и „Штетата причинета од Советскиот Сојуз на Балтикот“, пратеникот во Европскиот парламент Инесе Вајдере. Таа исто така ја потенцираше важноста на борбата со информативната агресија од страна на Русија, укажувајќи на тоа дека советскиот и нацистичкиот режим биле, според нејзино мислење, подеднакво злосторнички.
Претседателот на латвиската комисија за пресметување на штетата нанесена од „советската окупација“ Рута Паздере ја процени „приближно“ на 185 милијарди евра штетата нанесена на Латвија во текот на советската власт. Во таа сума, меѓутоа, не спаѓаат демографските загуби, како и штетата нанесена на природната средина. Притоа финансиската штета, според мислењето на латвиската комисија, може да може да се изрази уште со десетици милијарди евра.
Се претпоставува дека по завршувањето на процените на штетата, латвиските власти ќе можат да ја побараат оваа сума од Русија како од земја-правна наследничка на СССР, пишува „Комерсант“.
Од друга страна, портпаролот на МНР Русија Марија Захарова на својот „Фејсбук“ им предложи на своите пријатели на социјалните мрежи да смислат најдобар коментар на веста за заклучоците на Латвија за износот на штетата претрпена од „окупацијата на СССР“, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче