Министерот за надворешни работи на Украина Павел Климкин смета дека Русија води хибридна војна против Европската унија.
Како што пишува агенцијата УНИАН, Климкин го изјави ова на средбата со претставници на Европската бизнис асоцијација и Американската трговска комора.
„Сметам дека Русија води хибридна војна против Европската унија. Се разбира, таа има поразлични форми од оние кои се применуваат против Украина, но логиката на поддршка на леви и десни партии се состои во тоа што се сака да се намали бројот на оние кои се посветени на европските вредности“, изјави Климкин.
Официјална реакција од Русија на оваа, благо кажано, необична изјава на украинскиот министер сѐ уште нема.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче