Индија и Кина сакаат да купат системи С-400

Интересот за руското вооружување порасна по успешната операција во Сирија, сепак приоритетен купувач останува руската армија, изјави помошникот на претседателот на РФ Владимир Кожин.

Кина и Индија се заинтересирани за купување на рускиот систем за противвоздушна одбрана С-400 „Триумф“ и со нивните претставници се водат преговори, соопшти за весникот „Известија“ помошникот на претседателот на РФ за воено-техничка соработка Владимир Кожин.

„Има огромен број заинтересирани, додека друга работа е тоа што ние не можеме да им ги дадеме на сите и, се разбира, нема да им испорачуваме на сите, затоа што приоритет е пред сѐ русата армија, иако се водат преговори со Кина и Индија“, ги цитира весникот зборовите на Кожин.

Се истакнува дека интересот за руското вооружување се зголеми по успешната операција во Сирија. На пример, Индија, Малезија, Алжир, Индонезија сакаат да купат руски авиони, додека особено внимание привлече системот за противвоздушна одбрана С-400. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња