Пентагон: Руски Су-27 пресретнал американски извидувачки авион

„Небезбедните и непрофесионалните дејствија на еден пилот можат да доведат до непотребна ескалација на затегнатоста меѓу земјите“, изјави претставник на Пентагон.

Руски ловец Су-27 пресретнал американски извидувачки авион RC-135 над неутралните води на Балтичкото море, изјави претставник на Европската команда на Вооружените сили на САД Дени Ернандес.

Настанот се случил во четвртокот, 14 април. Су-27 наводно на растојание од околу 15 метри го следел RC-135, пренесува ТАСС повикувајќи се на „Си-Ен-Ен“.

„Руски Су-27 на 14 април пресретнал авион RC-135 на Военото воздухопловство на САД во текот на летот на рутинската маршрута во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото море“, изјави Ернандес. Тој тврди дека рускиот пилот го направил пресретнувањето „на небезбеден и непрофесионален начин”.

Според Ернандес, рускиот авион направил „хаотични и агресивни маневри”, а, освен тоа, прелетал и над американскиот авион.

Ернандес тврди дека американскиот авион не навлегол во воздушниот простор на Русија.

„Небезбедните и непрофесионалните дејствија на еден пилот можат да доведат до непотребна ескалација на затегнатоста меѓу земјите“, изјави Ернандес.

Американскиот воен претставник изјави дека Вашингтон веќе ѝ изразил протест на Москва преку дипломатските канали.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња