Состанокот на земјите-производители на нафта во Доха за замрзнување на производството на нафта заврши без договор, соопшти агенцијата „Ројтерс“.
Постојаниот претставник на Русија во ОПЕК Владимир Воронков соопшти дека преговорите меѓу РФ и ОПЕК веројатно можат да продолжат. Тој прецизираше дека е потребно време за разгледување на позициите на Саудиска Арабија и Иран.
Од своја страна министерот за нафта и енергетика на Катар Мухамед ас-Сада по завршувањето на средбата изјави дека на земјите-учеснички на средбата во Доха им е потребно време за дополнителни консултации.
Тој исто така додаде дека преговорите за замрзнување на производството на нафта ќе продолжат. Притоа ас-Сада потенцираше дека вклучувањето на сите членки на ОПЕК во преговарачкиот процес ќе помогне да се дојде до решение.
На состанокот учествуваа седумнаесет земји, меѓу нив и земји кои не се дел од ОПЕК – Русија, Азербејџан, Мексико, Казахстан и Оман, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче