Американскиот извидувачки авион RC-135 над Балтичкото море се движел кон руската државна граница, но го сменил курсот откако бил забележан од руски Су-27, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.
„Информацијата на странските медиуми за наводното опасно приближување на руски авион Су-27 до американски извидувачки авион RC-135 на 14 април над Балтичкото море не одговара на реалноста“, изјави Конашенков, пренесува „Взгљад”.
Според неговите зборови, дежурните сили за противвоздушна одбрана над Балтичкото море откриле непозната воздушна цел која со голема брзина се движела кон руската граница.
„Со цел идентификација на објектот полета еден ловец Су-27 од составот на дежурните сили на авијацијата на Балтичката флота кој, откако пролета околу објектот, утврди дека се работи за извидувачки авион RC-135U на американското воено воздухопловство“, истакна тој.
По визуелниот контакт со рускиот авион Су-27 американскиот извидувачи авион RC-135U го променил курсот оддалечувајќи се од руската граница, објасни портпаролот на МО РФ.
Конашенков истакна дека летот на рускиот Су-27 е реализиран во целосна согласност со меѓународните правила.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче