Претставничката на Тјумењ Јана Добровољскаја победи на државниот натпревар „Мис Русија 2016“. Во финалето учествуваа во 50 најубави девојки на Русија, пренесува ТАСС.
Победничката доби ексклузивна круна од бело злато украсена со брилијанти и бисери во вредност од 1 милион долари. Наградата ја доби од рацете на Мис Русија 2015 Софија Никитчук.
Добровољскаја исто така доби награда од 3 милиони рубли и шанса да ја претставува Русија на натпреварите за „Мис на светот“ и „Мис универзум“.
Јана има 18 години, висока е 174 см, со пропорции на телото 85-62-88. Веќе 12 години се занимава со танц, ги сака книгите и активниот одмор.
Омилен роман ѝ е „Мајсторот и Маргарита“ на Михаил Булгаков, а омиелн филм – „Седум животи“.
Титулата прва придружничка ја освои Јулијана Корољкова од Оренбуршката област, а втора придружничка стана Јулија Хорошавина од Киров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче