Извор: Политиката на НАТО спрема Русија не се оправда

НАТО еднострано ја замрзна соработката со Русија, сепак таквата политика само ги продлабочи проблемите, и затоа претставниците на Алијансата „дотрчаа“ кај руските колеги со барање за одржување седница на Советот Русија-НАТО, изјави извор во МНР РФ.

Претставниците на НАТО „во вистинска смисла дотрчаа“ кај руските колеги со барање за одржување седница на Советот Русија-НАТО на ниво на постојани претставници, изјави висок  извор во МНР РФ, пренесува РИА „Новости“.

„Иницијативата за обнова на дијалогот во формат на Советот Русија-НАТО им припаѓа на натовците. Тоа е логично затоа што Русија не ја прекина работата во тој формат, редовно потенцирајќи дека толку во кризни ситуации наведениот механизам е способен за решавање на сложените прашања“, изјави тој.

Според зборовите на изворот, „Алијансата еднострано ја замрзна соработката со Русија во сите правци, вклучително и во спротивставувањето на тероризмот“. „Настаните покажаа дека таквата политика на Алијансата не се оправда себеси и место решавање на проблемите таа доведе до нивно продлабочување“, истакна соговорникот на агенцијата.

„Очигледно, откако го сфатија тоа, колегите од НАТО во вистинска смисла дотрчаа кај руските претставници. Нас не треба да нѐ наговараат, затоа што ние не ги прекинавме врските, бевме подготвени на обнова на дијалогот во секој момент под еден услов – тој треба да биде рамноправен и конструктивен“ изјави високопоставениот извор во МНР РФ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња