Во Русија поставен рекорд за масовно скијање во костими за капење

За воспоставување на рекордот беа потребни 501 учесник.

Нов руски рекорд за масовен спуст од планина во костими за капење воспоставија скијачите и сноубордерите во одморалиштето Шерегеш во Кемеровската област - во настанот учествуваа 1100 души. Ова за ТАСС го изјавија од одделот за младинска политика и спорт на Кемеровската област.

„Како учесници во рекордот беа регистрирани 1100 лица, макар што од планината се спуштија многу повеќе скијачи и сноубордери. За воспоставување на рекордот на Русија беа потребни 501 учесник. На тој начин, овој број беше двојно надминат. Официјалниот претставник на Книгата на рекорди на Русија потврди дека рекордот е валиден“, изјави соговорничка на агенцијата.

Како што претходно соопшти ТАСС, спустот се одржа на Зелена планина. Неговата должина изнесуваше 500 метри. Во спустот учествуваа жители од разни градови од Русија, како и гости од странство – од Германија, Шпанија, Литванија и Венецуела.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња