Русија загрижена поради плановите на САД за нови атомски бомби во Европа

„САД изгледа сакаат да се вратат на претходната неодговорна практика на балансирање на работ на нуклеарна војна“, соопшти МНР Русија.

Москва е загрижена поради плановите на САД да распоредат во Европа атомски бомби со зголемена прецизност. Тоа би можело да го намали прагот на примената на оружјето за масовно уништување и зборува за тоа дека Вашингтон има намера да ѝ се врати на политиката на балансирање на работ на нуклеарна војна, се вели во коментарот на Одделот за информирање при Министерството за надворешни работи на Русија.

МНР РФ потсетува дека на 12 април Стејт департментот на САД го објави годишниот извештај наменет за Конгресот под наслов „За почитувањето на духот и зборот на меѓународните договори и спогодби во сферата на контролата на вооружувањето, неширењето и разоружувањето во 2015 година“. Руското МНР истакнува дека извештајот е преполн со неосновани обвинувања на адреса на РФ, а притоа ја „игнорира руската загриженост“.  

„Сериозна загриженост предизвикува тоа што во рамките на програмата за модернизација на својот нуклеарен арсенал без преседан САД планираат во Европа распоредување нови атомски авио-бомби со намалена сила, но со зголемена прецизност. Тоа е многу опасен проект кој може значително да го намали прагот на примена на нуклеарното оружје, кога американските атомски бомби во Европа ви се претвориле во „оружје на бојното поле“, се наведува во коментарот на МНР РФ, пренесува РИА „Новости”

Руското МНР потсетува дека пред 25 години Москва и Вашингтон се откажале од таквата опција. „Сега, изгледа, САД сакаат да се вратат на претходната неодговорна практика на балансирање на работ на нуклеарна војна“, додава рускиот дипломатски ресор.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња