ФИБА: Русија и 7 репрезентации исклучени од Евробаскет 2017

Од учество на Европското првенство во кошарка во 2017 година се исфрлени репрезентации на 8 земји и од нив се бара до 20 април да достават докази дека немаат потпишано договор со Евролигата.

Меѓународната кошаркарска федерација ФИБА (FIBA) ги исклучи од учество на шампионатот Европа 2017 репрезентациите на осум земји, вклучувајќи ја и Русија, а од уште од шест побара објаснувања, соопштува РИА „Новости“.

„Потврдуваме дека 8 федерации чии лиги склучија договор со Евролигата имаат добиено писмо со потврда дека го загубиле правото да учествуваат на претстојниот Евробаскет 2017. Тоа се следниве федерации: Босни и Херцеговина, Русија, Хрватска Македонија, Црна Гора, Србија, Словенија и Шпанија“, соопштија од прес-службата на ФИБА Европа.

Оттаму објаснија дека овие осум федерации имаат време до 20 април да достават докази дека договорите со Евролигата не биле склучени или нема да стапат на сила.



 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња