Русија подготвена да го продолжи дијалогот за мировен договор со Јапонија

Русија е подготвена да го продолжи дијалогот за мировниот договор со Јапонија во секаков режим, изјави министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров.

Русија е подготвена да го продолжи дијалогот за мировниот договор со Јапонија во секаков режим, изјави министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров по преговорите со шефот на МНР Јапонија Фумио Кишида.

 

 

Новата рунда преговори за мировниот договор ќе се одржи наскоро по посетата на премиерот на Јапонија на Русија. Контактите во рамките на претстојната посета на премиерот на Јапонија Шинзо Абе на Русија ќе овозможат да им се даде импулс на односите на двете земји, смета Лавров.

 

„Поаѓаме од тоа дека контактите во рамките на оваа посета ќе овозможат да се даде дополнителен импулс за унапредување на целиот комплекс на нашите односи во врска со договорот постигнат меѓу нашите лидери во 2013 година и договорите што следуваа по него“, изјави рускиот министер, пренесува ТАСС.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња