Според декларацијата за 2015 година, претседателот на Русија поседува земја, стан, гаража, како и изнајмени стан и гаражно место. Од подвижен имот - автомобили ГАЗ М-21, ГАЗ М-21-Р, „Нива“ и авто-приколка „Скиф.
Парцелата е 1500 м2, станот – 77 м2 и гаражата – 18 м2. Шефот на руската држава има изнајмено стан од 153 м2 и гаражно место – 18 м2, пишува „Взгљад“.
Во 2013 година приходите на Путин изнесуваа 3,6 милони рубли. Портпаролот на претседателот на државата Дмитриј Песков минатата година го објасни двојното зголемување на приходите на Путин за 2014 година со зголемувањето на платата. Сепак во 2015 година Путин донесе одлука да си ја скрати платата за 10%.
Премиерот на Русија Дмитриј Медведев во 2015 година заработил речиси 8,8 милиони рубли. Според изјавите за минатата година, Медведев има изнајмено на 49 години парцела од 4700 м2. Во негова сопственост се стан со површина од 367,8 м2, како и два автомобила - ГАЗ-20 и ГАЗ-21.
Сопругата на премиерот како и предминатата година ништо не заработила. Во нејзина сопственост останува „Фолксваген Голф“, две паркинг-места, додека користи стан од 367,8 м2.
Во 2014 година приходите на шефот на руската влада изнесувале над 8 милиони рубли, додека во 2013 година изнесувале 4,2 милиони рубли.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче