МО РФ: Најновите руски авиони одлично се покажаа во Сирија

Заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов ја истакна сигурноста на руските борбени авиони која беше потврдена во текот на операцијата во Сирија.

Најновите руски борбени авиони Су-30, Су-35 и Су-34 одлично се покажаа во Сирија. Според многуте свои карактеристики тие ги надминуваат своите пандани од странско производство, изјави заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов.

  

„Одлично се покажаа потполно новите модели Су-30, Су-34, Су-35, кои според своите летачки и технички карактеристики не заостануваат туку, напротив, ги надминуваат своите пандани од странско производство“, изјави Борисов, пренесува „Взгљад”.

Зборувајќи за квалитетот на авијациската техника во состав на руските Воздушно-космички сили, Борисов особено ја истакна сигурноста на борбените летала која е потврдена во текот на операцијата на ВКС РФ во Сирија.

Вчера претседателот на Русија Владимир Путин во текот на „Директната линија“ призна дека во текот на операцијата на ВКС РФ во Сирија е утврден значителен број недостатоци на руската воена техника, но таа во целина се покажала исклучително, поради што нагло пораснала побарувачката за руската воена техника во странство.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња