„Развојот на ситуацијата во Турција не може да се смета за цивилизирана. За тоа е свесно и граѓанското општество чие мислење властите се обидуваат да го задушат со сила“, рече во своето излагање на седницата на постојаниот совет на ОБСЕ Александар Лукашевич. Текстот е поставен на сајтот на МНР Русија.
Рускиот дипломат нагласи дека на почетокот на оваа година Турција ја заплисна бран од апсења на претставници на академските и интелектуални кругови, потписници на петицијата „Нема да бидеме соучесници во злосторствата“ кои се дистанцираа од воените операции на југоистокот на оваа земја.
„Започната е истрага против повеќе од илјада луѓе. Сигнал за отпочнување на репресиите беа зборовите на претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој ги изедначи активностите на научниците со терористички акции“, потенцираше постојаниот претставник на РФ во ОБСЕ, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче