ЕУ во јуни ќе дискутира за продолжување на санкциите против Русија

Земјите од Европската унија во јуни ќе дискутираат за продолжување на санкциите против Русија, соопшти шефот на МНР Латвија Едгар Ринкевичс.

„Прашањето за продолжување на санкциите против Русија. Ќе го дискутираме ова прашање во јуни“, изјави Ринкевичс во петокот на деветтиот киевски форум за безбедност, пишува „Взгљад“.

Шефот на МНР Латвија исто така истакна дека, според неговото мислење, санкциите треба да бидат продолжени, затоа што „Минската спогодба“ не се реализира. „Гледаме дека „Минската спогодба не се реализира, затоа треба да продолжиме санкциите и да не дозволиме влошување на ситуацијата“, додаде тој.

Претходно заменик-министерот за надворешни работи на Русија Алексеј Мешков изјави дека раководствата на повеќето европски земји не сфаќаат како да излезат од настанатата ситуација со санкциите против Москва.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња