„Ербас“ заинтересиран за купување на „Хеликоптери на Русија“

Руската влада може да го продаде контролниот пакет акции во холдингот „Хеликоптери на Русија“ (Вертолеты России).

Државата може да го продаде контролниот пакет акции во холдингот „Хеликоптери на Русија“ (Вертолеты России) за чие купување се интересира концернот „Ербас“, изјави министерот за економски развој на Русија Алексеј Уљукаев, пишува „Лента.ру“.

Министерот истакна дека се планира продавање на акциите на компанијата на стратешки инвеститор, очигледно, „во интерес на компанијата, а не на буџетот“. Организацијата на приватизацијата на „Хеликоптери на Русија“, според зборовите на Уљукаев, ќе биде во надлежност на Министерството за индустрија и трговија.  

Во март 2016 година министерот за индустрија и трговија на Русија Денис Мантуров соопшти дека руските власти донеле принципиелно решение за приватизацијата на компанијата во 2016 година. Тој истакна деа на стратешки инвеститор од Русија можат да му бидат продадени 49 проценти од акциите, а на странски – 25 проценти. Исто така е можна и комбинација на инвеститорите. Министерот потенцираше дека приоритетни се цената и учеството на инвеститорот во развојот на процесите на модернизација.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња