Владимир Путин за приватниот живот: Сѐ е во најдобар ред

Претседателот на Русија Владимир Путин не одговори на прашањето кога ќе „нѐ запознае со првата дама“.

Во приватниот живот на претседателот на Русија Владимир Путин сѐ е во најдобар ред и еден ден веројатно ќе каже нешто повеќе за тоа.

Вака шефот на државата одговори на писмото на една жителка на Санкт Петербург која некаде „читала дека Људмила Александровна (порано Путина) е омажена“ и прашува кога претседателот ќе ја запознае јавноста со новата прва дама.

„Јас и Људмила Александровна се гледаме одвреме-навреме. Не толку често, но се гледаме. Односите ни се многу добри, можеби дури и подобри од порано“, рече Путин. „Кај неа е сѐ во најдобар ред. Друго е она што пишува во весниците. Но таа е задоволна со својот живот. И јас сум задоволен. Сѐ е во најдобар ред“, рече рускиот претседател.  

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња