„Треба многу внимателно да се постапува, како што советуваат лекарите, „да не се наштети“. Тоа е стар конфликт кој веќе долго време е замрзнат. За жал, дојде до ескалација на насилството. Ќе сториме сѐ да биде запрено тоа насилство. Тоа прашање мора да биде решено во долгорочна перспектива. Русија е заинтересирана за негово решение, затоа што сакаме целосна соработка и со Азербејџан и со Ерменија. Ние имаме милиони и милиони Ерменци и Азербејџанци во земјава. Фала му на Бога, на наша територија нема конфликти, а Азербејџанците и Ерменците се во добри односи. Сметам дека тоа е правилно. Русија придонесува за помирување“, изјави Владимир Путин, пренесува нашето матично издание „Росијскаја газета“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.