На прашањето кој од фаворитите во американската претседателска трка за Русија е полош - Хилари Клинтон или Доналд Трамп - Путин рече дека треба да се бараат оние кои се подобри.
„Ние треба да ги бараме оние кои се подобри. Постоеја моменти кога многу тесно соработувавме и постигнувавме многу добри резултати. И денес постојат примери за добра соработка. Неширењето на нуклеарното оружје, Иран, Сирија, борбата против тероризмот и многу други примери. Но ако се засноваат на сопствената ексклузивност, тоа ќе се одрази негативно на нашите односи. Спрема Русија треба да се однесувате со почит“, рече Путин во текот на „Директната линија“.Путин нагласи дека САД не треба да дејствуваат од позиција на сила и империјалистички амбиции, туку да ги почитуваат своите партнери, вклучително и Русија, пренесува нашето матично издание „Росијскаја газета“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче