Претходно претседателот на САД Барак Обама ја нарече грешка операцијата во Либија.
„Тоа потврдува дека актуелниот претседател на САД е чесен човек, не е едноставно да се каже такво нешто. Барак Обама како сенатор ги критикуваше постапките на претходната администрација во Ирак, но за жал како претседател ги дозволи истите тие грешки“, рече Путин, пренесува „Взгљад“.
„Добро е што имаше храброст да го признае тоа, а лошо што тие грешки се повторуваат и што за малку ќе се случеа во Сирија. Кој знае до што ќе доведеше тоа. Добро е што сега успеавме да воспоставиме односи со САД. Во рамките на војската и специјалните служби се работи на барање решение за Сирија. Се надевам дека тоа ќе доведе до резултат“, рече рускиот претседател во разговорот со граѓаните во директниот телевизиски пренос.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче