На рускиот претседател му поставија прашање дали на терористите ќе им се врати силата во Сирија по повлекувањето на руската војска од таа земја.
„Таква опасност секогаш постои“, рече Владимир Путин. „Постои, ако не се посвети внимание на борбата против тероризмот. Поради тоа страда целиот свет. Да не зборувам за Русија. Сите ние знаеме што е тероризмот. И не си отидовме туку-така (од Сирија) и напуштивме сѐ? Го повлековме основниот контингент, но ја оставивме сириската армија во таква состојба што таа ги врати Палмира и други стратешки важни населби. А на прекинот на огнот се согласуваат сѐ поголем и поголем број сили. Се надеваме дела завојуваните страни ќе се откажат од примена на силата, дека тоа ќе доведе до нов устав и регулирање на ситуацијата во земјата“.
На прашањето колку остана до ослободувањето на Алепо и Рака, рускиот претседател одговори дека таму ситуацијата е многу тешка. Алепо е вториот по големина град и главен индустриски град на Сирија. „Ние внимателно ја следиме ситуацијата и ќе сториме сѐ да не дојде до влошување на ситуацијата“, рече рускиот претседател.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче